домаМакедонијаСДСМ ги бара собраниските снимки од инцидентот со Иван Стоиљковиќ

СДСМ ги бара собраниските снимки од инцидентот со Иван Стоиљковиќ

- Advertisement -spot_img

Африм Гаши не ги дава снимките од пред собраниската сала каде што според сведочењето на пратениците на СДСМ се случи инцидент на раб на физичка пресметка по пцости и навреди и провокации од министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, кон пратениците Фатмир Битиќи и Митко Трајчуловски.

Во одговорот на собранискиот спикер до координаторот на СДСМ Оливер Спасовски до кој дојде ТВ24 се вели дека Гаши во во електронска форма му го доставува видеозаписот од сединацата за реконструкција на владата и го упатува дека видеото може да го симне од медиа серверот на Собранието, за останатите снимки Гаши се повикува на Законот за ззаштита на личните податоци .

„Во однос на барањето видео снимка од пред холот на сала „Македонија“ за период од 17 до 19 часот на 13.7 2026 година молам да го имате предвид членот 94 став 1 од Законот за заштита на личните податоци поради што Собранието нема законски основ да ви ја достави оваа видео снимка. Во наведената одредба е утврдено дека контролорот Собранието, ќе ги даде личните податоци на користење на корисник за конкретен случај, кога е применливо,, а врз основа на писмено барање од корисникот, доколку тој корисник согласно со закон е овластен да ги обработува тие лични податоци“, вели Гаши во дописот до Спасовски до кој дојде ТВ 24 .

Гаши му порачува на Спасовски и дека снимките направени при вршење на видео надзор се чуваат до исполнување на целите за кои се врши, но не подолго од 30 дена освен ако со друг закон не е предвиден подолг рок.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спаосвски пак за ТВ 24 вели барањето ќе го отвори на координација во понеделник, а дополнително веќе порачува се преземаат и други мерки,

– Во понеделник ова прашање ќе го отворам на координација кај Претседателот на Собранието Африм Гаши, а дополнително се преземаат и други мерки. За случувањата во Собранието во понеделникот и инцидентот , но и тоа што му претходеше, ги известивме амбасадорите на најбитните амбасади во земјава , вели за ТВ 24 Оливер Спасоски координатор на ПГ на СДСМ.

Извори од власта пак за ТВ 24 велат дека има строго контролиран процес за увид на снимки е строго контролиран процес од МВР и прегледувањето е со присуство на службеник на МВР доколку тие оценат дека има потреба. За случувањата во понеделникот според нив придонела и опозицијата , но и потенцирата дека Премиерот Христијан Мицкоски се извинил.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img