Вчера во 13:15 часот во ОВР Неготино, 44-годишната жителка во село Долни Дисан, неготинско, пријавила дека била измамена за сума од 49.087 денари.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, таа остварила контакт со лице преку социјална мрежа, со цел да подигне кредит и во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување, но кредит не добила, по што случајот го пријавила во полициска станица.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






