Од ЕВН Македонија информираат дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје.
Без струја од 07:00 до 16:00 часот ќе останат корисниците во месноста Коштан во Горно Соње, во Општина Сопиште.
Од 09:00 до 13:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и за дел од корисниците во населбата Бардовци, во околината на црквата, во Општина Карпош.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности во периодот на прекините.






