Аргентина вчера ја победи Англија со 2:1 во полуфиналето на Светското првенство, а по тој натпревар се појави транспарент со натпис „Las Malvinas son Argentinas“ („Фолкландските Острови ѝ припаѓаат на Аргентина“).
Гореспоменатиот транспарент беше истакнат на самиот терен, а тоа го направија Кристијан Ромеро и Џовани Ло Селсо.
Тоа е алузија на деценискиот спор меѓу Аргентина и Велика Британија околу суверенитетот над Фолкландските Острови.
Како што објавува шпанскиот „Мундо Депортиво“, ФИФА моментално чека официјални извештаи од делегатите и другите службени лица, по што треба да започне истрага.
Скандалот сигурно не можеше да помине незабележано.






