домаМакедонијаНестабилното време се движи низ Македонија

Нестабилното време се движи низ Македонија

- Advertisement -spot_img

Нестабилна воздушна маса попладнево донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во повеќе делови од Македонија. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилноста се движи од север кон југ и југоисток.

Првите врнежи биле регистрирани во Кичево, каде што во попладневните часови имало пороен дожд проследен со грмежи.

Потоа нестабилното време се проширило и во планинските предели северозападно од Скопје, како и во Полошкиот регион, Овче Поле и западно од Струга.

Според најновите информации од УХМР, невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер е регистрирано и северно од Штип, како и во Гостивар и Македонски Брод.

Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни за време на невремето, особено при движење на отворен простор и во близина на дрвја и електрични водови. УХМР и понатаму ја следи состојбата и најавува дека нестабилното време ќе продолжи да се движи кон јужните и југоисточните делови на земјата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img