домаМакедонијаСобранието денеска ја продолжува работата по 111. пленарна седница

Собранието денеска ја продолжува работата по 111. пленарна седница

- Advertisement -spot_img

Собранието денеска ќе ја продолжи работата по 111. пленарна седница, на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и кадровски одлуки.

Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, како и за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање. Пред нив ќе се најде и Завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година.

На дневниот ред се и измените на Законот за студентскиот стандард по скратена постапка, како и неколку законски решенија од областа на високото образование и науката, меѓу кои законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и науката и за научноистражувачката дејност, сите во прво читање.

Пратениците ќе ја разгледаат и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2026 – 2030 година, како и предлозите за избор на членови на Советот за граѓански надзор и за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Во рамки на седницата ќе бидат разгледани и годишните извештаи на повеќе институции, меѓу кои Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Државниот завод за ревизија, како и извештајот за состојбата на осигурителниот пазар во 2025 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img