Кривопаланчанец пронашол граната во близина на селски пат.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 14:50 часот во ОВР Крива Паланка М.С.(54) од Крива Паланка пријавил дека во близина на пат во село Трново пронашол граната.
Од МВР посочуваат дека во текот на денешниот ден, гранатата ќе биде подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.






