Нема нови случаи на заболени од западнонилска треска и маларија – потврдуваат од Инфективната клиника, откако беа регистрирани тројца пациенти од овие вектор преносливи болести. Еден од заболените со западнонилска треска веќе е испишан од болница, додека вториот во текот на денот ќе биде пуштен на домашно лекување.
Подобрена е состојба и на пациентот со маларија, се очекува наскоро да ја напушти Инфективната клиника.
Овие болести се пренесуваат преку убод од заразен комарец. Според првичните сознанија еден од пациентите со западнонилска треска најверојатно се заразил во земјава, додека другиот додека престојувал во Грција. Пациентот со маларија пак бил на патување во Занзибар.
Инфектолозите алармираат, при појава на првите симптоми навремено да се побара лекарска помош.






