домаСпортФранција гори: уапсени 141 лице, улиците наликуваа на воена зона (ВИДЕО)

Франција гори: уапсени 141 лице, улиците наликуваа на воена зона (ВИДЕО)

- Advertisement -spot_img

Поразот на Франција од Шпанија (2:0) во полуфиналето на Светското првенство предизвика сериозни немири во повеќе француски градови, а најголем хаос беше забележан во Париз и во Лион.

Илјадници навивачи го следеа натпреварот на големи видеобимови поставени на плоштадите, но по последниот судиски свиреж, дел од нив излегоа на улиците и почнаа судири со полицијата.

Според француските медиуми, во немирите биле уапсени вкупно 141 лице поради насилство, нарушување на јавниот ред и напади врз полициските сили.

Во неколку дела од Париз и од Лион биле запалени контејнери и фрлани различни предмети кон полицијата, која интервенирала со голем број припадници за да ја стави ситуацијата под контрола.

Очевидци опишуваат дека улиците во делови од француската престолнина изгледале како воена зона, додека безбедносните сили со часови се обидувале да ги растурат насилните групи.

Особено загрижува податокот дека голем дел од приведените биле многу млади лица, родени меѓу 2002 и 2011 година.

Француските власти најавија детална истрага за сите инциденти и порачаа дека ќе има строги санкции за сите што учествувале во насилствата.

Франција остана без финале по поразот од Шпанија, која со победата обезбеди место во борбата за светската титула.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img