домаСпортКРАЈ ЗА МБАПЕ И ДРУШТВОТО Шпанија ја „растури“ Франција и прва стигна...

КРАЈ ЗА МБАПЕ И ДРУШТВОТО Шпанија ја „растури“ Франција и прва стигна до финалето на Мундијалот

- Advertisement -spot_img

Фото: Принтскрин

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство, откако во полуфиналето во Далас ја совлада Франција со 2-0. „Црвената фурија“ одигра импресивен натпревар, целосно контролирајќи го текот на играта, а победата ја обезбедија головите на Микел Ојарзабал од пенал и Педро Поро.

Франција, која пред почетокот на завршницата важеше за еден од главните фаворити за трофејот, одигра далеку под очекувањата. Тимот на Дидие Дешан не успеа да создаде сериозни шанси, а шпанската одбрана успешно ги неутрализираше најопасните француски напаѓачи.

Со овој триумф, Шпанија се пласираше во своето второ финале во историјата на Светските првенства. Противникот ќе го добие по дуелот меѓу Аргентина и Англија. Франција, пак, ќе се бори за третото место со поразениот тим од второто полуфинале.

Поразот ја прекина серијата на Франција од две последователни финалиња. Само Западна Германија (1982, 1986, 1990) и Бразил (1994, 1998, 2002) остануваат единствените репрезентации кои играле три финалиња по ред на Мундијалите.

Шпанците ја презедоа иницијативата уште од првата минута, имаа поголем посед и постојано ја притискаа француската одбрана. Клучниот момент се случи во 20. минута, кога Лукас Дињ не успеа да интервенира по едно центрирање, а Ламин Јамал ја освои топката. При обидот да го спречи, францускиот дефанзивец направи прекршок, по што беше досуден пенал.

Микел Ојарзабал беше прецизен од белата точка и во 22. минута ѝ донесе водство на Шпанија. Иако голманот Мајњан ја погоди страната, ударот беше доволно силен и прецизен. За Ојарзабал тоа беше петти погодок на турнирот, со што стана само третиот Шпанец со најмалку пет гола на едно Светско првенство, по Емилио Бутрагењо (1986) и Давид Виља (2010).

Проблемите за Франција продолжија во 30. минута, кога Вилијам Салиба мораше да го напушти теренот поради повреда, а на негово место влезе Лакроа. До паузата, Шпанија продолжи да доминира, додека Французите не успеаја да создадат сериозна закана.

Вториот гол за Шпанија пристигна во 58. минута. Педро Поро одигра одлична акција со Дани Олмо, кој и покрај силниот старт од Дајот Упамекано успеа да ја проследи топката. Поро излезе сам пред Мајњан и со прецизен удар го зголеми водството на 2-0.

Само три минути подоцна, Ламин Јамал постигна уште еден погодок, но тој беше поништен поради офсајд. Франција дури потоа се обиде поофанзивно, но Шпанија остана стабилна и продолжи да контролира во сите сегменти од играта.

Најголемата шанса за Французите дојде во 81. минута, кога голманот Унаи Симон излезе од својот гол и со глава ја испрати топката кон Дезире Дуе. Младиот напаѓач шутираше кон празната мрежа, но Симон успеа навреме да се врати и да спречи погодок.

Фрустрацијата кај Франција беше видлива во финишот, а капитенот Килијан Мбапе во 86. минута заработи жолт картон по еден непотребен дуел со шпанскиот голман.

До крајот резултатот не се промени. Шпанија со сигурна и зрела игра заслужено обезбеди место во финалето, додека Франција остана без шанса за трет последователен настап во мечот за титулата

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img