Џенифер Лопез уште еднаш докажа зошто важи за една од најголемите модни икони на денешницата. Пејачката и актерка беше меѓу најзабележителните гости на престижниот настан Dolce & Gabbana Alta Moda 2026 во Таормина, Сицилија, каде што се појави во впечатлив златен стајлинг украсен со шарени кристали и скапоцени детали.

Нејзиниот фустан, инспириран од колекцијата Alta Moda, беше целосно извезен со кристали и златни везови, поради што многумина коментираа дека повеќе личи на уметничко дело отколку на класична вечерна креација. Изгледот го надополни со раскошна златна наметка, мини чантичка во металик нијанса и впечатлив рубински ѓердан со соодветни обетки.
Во разговор за Vogue, Лопез откри дека секогаш се чувствува посебно кога носи креации од Dolce & Gabbana.
„Се чувствувам како кралица, како најсекси жена на светот. За мене, модата е како глума – кога ќе облечеш вакво парче, стануваш нов лик“, изјави таа.
Ова не е првпат Џенифер да соработува со италијанската модна куќа. Нејзината поврзаност со брендот трае повеќе од две децении, а и овој пат успеа да го привлече целото внимание на фотографите и присутните гости.

Годинешното издание на Alta Moda се одржа во Таормина, каде Dolce & Gabbana претстави спектакуларна couture колекција инспирирана од природата, сицилијанската историја и италијанската уметност. Настанот собра бројни светски ѕвезди и љубители на високата мода, претворајќи ја Сицилија во центар на модниот свет.






