Македонската музичка сцена добива нов ритам со премиерата на „Балкански Регетон“, новата песна на Јасмин Алиевски и Тамара Волческа, која носи спој на балканскиот темперамент и модерните регетон влијанија.
Песната е создадена како летна музичка приказна со енергичен ритам, привлечна мелодија и препознатлив урбан звук. Комбинацијата на вокалите на Јасмин Алиевски и Тамара Волческа создава динамична атмосфера, а насловот сам по себе го најавува музичкиот спој меѓу Балканот и латино ритмите.
Музиката е дело на Кирил Зарлинов (Erik Fox), додека аранжманот го потпишува Јасмин Алиевски. Текстот е на Тамара Волческа, а за миксот и мастерингот се погрижи Андреј Ник.
Визуелната приказна за песната е реализирана преку видео запис во режија, монтажа и постпродукција на Амар Фејзулаху, додека сценариото го потпишува Јасмин Алиевски.
„Балкански Регетон“ е песна која ја носи енергијата на летото – ритмична, разиграна и создадена за моменти исполнети со забава. Со ова издание, Јасмин Алиевски и Тамара Волческа покажуваат дека балканската музика успешно може да се поврзе со современите светски трендови и да создаде свеж, модерен звук.






