До крајот на СП преостануваат уште четири пресметки кои ќе го дадат новиот светски шампион во фудбал или Аргентина ќе го одбрани тронот .
Големиот интерес за завршницата на шампионатот се гледа и преку цените на билетите, кои достигнаа астрономски износи.
За полуфиналните и финалниот натпревар, влезниците се продаваат по цени недостижни за голем дел од фудбалските навивачи.
За билет од втора категорија потребно е да се издвојат околу 7.380 американски долари, додека најдобрите места покрај теренот достигнуваат цена од над 30.000 долари.
Во тие суми не се вклучени дополнителните трошоци за патување, сместување и престој во САД.
И покрај високите цени, интересот не се намалува.
Завршните четири натпревари носат најголеми фудбалски имиња, огромен влог и борба за трофејот кој секој играч и секоја репрезентација сонува да го освои.






