Објкет предвиден за лесна индустрија за во него да работат 5-10 луѓе, бил пренаменет во угостителски објект за 500 гости. Шанковите и метални скали за галериите ја спречиле евакуацијата кога на 16 март лани огнот почнал да се шири во „Пулс“.
Објектот во којшто се наоѓала дискотеката „Пулс“ не ги исполнувал елементарните услови за безбедност, денес во судницата во Идризово рече професорот Марковски по направеното вештачење. Реконструкција на објектот била правена 2012 и 2024 година, во општината не биле поднесени дека е правена реконструкција, а градежните инспектори не ги виделе градежните активности.
Додека траеше излагањето на професорот од Машински факултет, Горан Марковски, додека ги наведуваше пропустите кои биле лоцирани по направениот увид на терен, но и од документацијата што ја добиле и дополнително ја побарале, родителите на загинатите во пожарот во Кочани реагираа дека корупцијата е причина поради која се мижело.
Ново рочиште за дискотеката „Пулс“ е закажано на 12 август. Во случајот се обвинети 34, а 63 починаа.






