домаМакедонијаСобранието разреши осум министри од Владата, Стоилковиќ со најмногу гласови „за“ заминување

Собранието разреши осум министри од Владата, Стоилковиќ со најмногу гласови „за“ заминување

- Advertisement -spot_img

Собранието денеска со поединечно гласање ги разреши осум министри од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, по спроведениот единствен претрес за нивната работа и предлогот за реконструкција на владиниот кабинет.
Најголема поддршка за разрешување доби министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, за чие заминување гласаа 95 пратеници.

Разрешен е и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски со 92 гласа „за“, додека министерот за култура Зоран Љутков е разрешен со 91 глас.

За разрешување на министерот за локална самоуправа Златко Перински гласаа 87 пратеници, Фатмир Лимани заминува од функцијата со 85 гласа „за“ и еден „против“, а министерот без ресор Шабан Салие е разрешен со 85 гласа.

Министерот за правда Игор Филков е разрешен со 83 гласа, додека министерот за здравство Азир Алиу со 80 гласа „за“. За неговото разрешување тројца пратеници гласаа „против“, а тројца беа воздржани.

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски во своето експозе истакна дека функцијата не е цел сама по себе, туку средство преку кое се служи на граѓаните.

Тој порача дека разрешените министри се луѓе со чест и достоинство, кои дале придонес во реализацијата на владината програма.

„Оваа Влада нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати. Функциите не се стекнато право, туку обврска која секојдневно треба да се заслужува“, рече Мицкоски.

Според премиерот, реконструкцијата не значи крај на нечија работа, туку отворање нова етапа со цел Владата да продолжи со реализација на своите политики и ветувања кон граѓаните.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img