домаМакедонијаПоради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

- Advertisement -spot_img

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна цевка во населбата Кисела Вода.

Поради уличен дефект со голем профил Ф-600 мм на улица „Борис Трајковски“ бб (лоциран точно пред главниот влез на поранешната фабрика ОХИС), водоснабдувањето е прекинато од 18:30.

Без вода во моментов се корисниците од следните населени места:

-Пинтија и Усје
-Долно Лисиче и Драчево
-Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково

Екипите на јавното претпријатие се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот, а нормализирање на состојбата се очекува по неговото целосно санирање во текот на ноќта.

Ова е втор сериозен инцидент со водоводната мрежа во овој дел од градот денеска. Претходно утрово, околу 09:00 часот, беше регистриран уште еден дефект во непосредна близина – кај бензинската пумпа на „Лукоил“ на истата улица, што предизвика проблеми со притисокот и водоснабдувањето во околните објекти во текот на претпладнето.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img