домаМакедонијаДали е и колку е зголемен бројот на заболени од СИДА во...

Дали е и колку е зголемен бројот на заболени од СИДА во Прилеп?!

- Advertisement -spot_img

Во изминативе денови на социјалните мрежи во Прилеп масовно се шират непроверени информации дека во градот има околу 50 новоинфицирани лица со ХИВ, па дури и тврдења дека Центарот за јавно здравје Прилеп спроведувал организирани тестирања во повеќе компании. Од Центарот за јавно здравје категорично ги демантираат ваквите информации и апелираат граѓаните да не наседнуваат на шпекулации.

Директорот на Центарот за јавно здравје Прилеп, д-р Горан Кузески, истакнува дека бројките се јасни и официјално евидентирани.

„Се шпекулира со некои бројки од 50 новоинфицирани лица, се споменува дека има и млада популација инфицирана. Сакам да ги оттурлам овие шпекулации, бројките се тие што се. Од 1987 година до денес во Прилеп официјално потврдени се 37 случаи на ХИВ/СИДА. Сакам да го известам населението да не наседнува на овие непроверени и неточни информации. Секој што сака да го дознае својот ХИВ статус слободно може да се обрати во Центарот за јавно здравје Прилеп, каде бесплатно може да направи ХИВ тест“, вели Кузески.

Според официјалните податоци, од првиот регистриран случај во 1987 година до денес во Прилеп се евидентирани вкупно 37 лица со ХИВ/СИДА. Од нив 23 се ХИВ-позитивни, 14 се заболени од СИДА, а до крајот на 2025 година починале седум лица. Во текот на 2026 година се регистрирани уште три нови случаи, што значи дека моментално во градот живеат околу 30 лица кои се ХИВ-позитивни или заболени од СИДА.

Податоците покажуваат дека најголемиот дел од регистрираните случаи се кај мажи. Од вкупно 37 случаи, 33 се мажи, а 4 се жени. Во возрасната структура, околу 78 проценти од заболените се на возраст меѓу 20 и 39 години.

Во однос на начинот на пренос, најголем дел од случаите се кај мажи кои имаат сексуални односи со мажи (МСМ) – 27 случаи или околу 72 проценти од вкупниот број. Хетеросексуален пренос е регистриран кај седум лица, еден случај е поврзан со инјектирање дроги, а два случаи се резултат на вертикална трансмисија од мајка на дете.

Според податоците на ЦЈЗ, во последните неколку години во Прилеп најчесто се регистрирале еден до два нови случаи на ХИВ годишно, додека во првите шест месеци од оваа година се регистрирани три нови случаи на СИДА.

Од Центарот за јавно здравје повторуваат дека нема место за паника, но апелираат до граѓаните да бидат одговорни и да практикуваат безбедно сексуално однесување. Најдобра заштита од ХИВ и другите сексуално преносливи инфекции е користењето кондом, а секој што смета дека бил изложен на ризик може бесплатно и доверливо да се тестира во Центарот за јавно здравје Прилеп.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img