Од северните и источните делови на Тајван евакуирани повеќе од 14.000 луѓе, првенствено од планинските региони, поради тајфунот Бави. Иако Бави слабее и не се очекува да го погоди брегот на Тајван, властите во Тајпеј презеде мерки на претпазливост за да спречат евентуални жртви.
Откажани се 917 меѓународни летови, како и сите 274 домашни летови Во речиси сите градови и окрузи на Тајван денеска е неработен ден поради тајфунот. А железничкиот сообраќај е отежнат.
Тајфунот Бави, откако ќе помине североисточно од Тајван, над јапонските островите Сакишима, се очекува утре да го погоди источниот кинески град Венџоу, со население од околу 10 милиони.






