домаСветИран има конкретен план за ликвидација на Трамп – Израелски разузнавачи ги...

Иран има конкретен план за ликвидација на Трамп – Израелски разузнавачи ги предупредија САД

- Advertisement -spot_img

Според еден извор на Си-ен-ен, предупредувањето дошло оваа недела, а според друг, САД во последните недели постојано добивале разузнавачки информации за можни планови за атентат врз Трамп, но предупредувањето од Израел било ново и се однесувало на конкретен заговор. Други американски претставници сугерираат дека израелскиот извештај би можел да биде обид да се влијае врз Трамп во донесувањето одлуки, додека тој размислува дали да ја интензивира американската воена акција против Иран

Израел сподели разузнавачки информации со САД, според кои Иран неодамна сковал нов план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, изјавија за Си-ен-ен два извори, додавајќи уште еден слој тензија, бидејќи договорот за прекин на огнот меѓу земјите е под притисок.

Едниот од изворите вели дека предупредувањето дошло оваа недела, а според другиот извор, САД во последните недели постојано добивале разузнавачки информации за можни планови за атентат врз Трамп, но предупредувањето од Израел било ново и се однесувало на конкретен заговор. Сепак, како што наведува Си-ен-ен, други американски претставници сугерираат дека израелскиот извештај би можел да биде обид да се влијае врз Трамп во донесувањето одлуки, додека тој размислува дали да ја интензивира американската воена акција против Иран.

Деталите за заговорот за кој предупредува Израел не се јасни, а изворите запознаени со ова прашање велат дека САД не ги провериле. Владата на САД долго време предупредуваше дека Иран може да се обиде да го убие Трамп како одмазда за нападот со беспилотни летала во 2020 година кој го нареди тој и во кој беше убиен врвниот ирански генерал, Касем Солејмани.

На барањето за изјава за израелското предупредување, кое прв го објави „Волстрит џурнал“, Белата куќа одговара со неодамнешните коментари на Трамп за желбата на Иран да го убие.

– Тие сакаат да го елиминираат американскиот лидер – мене. Јас сум на кој било список. Видов утрово дека сум на секој од нивните списоци. И досега, претпоставувам дека имав малку среќа, но, можеби, тоа не трае многу долго. Ова се зли, болни луѓе. И ние мора да го искорениме тој рак. Тој рак. Знаете што треба да правите? Мора рано да го отстраните ракот. И така се чувствувам – им рече Трамп на новинарите во средата, за подоцна да каже дека неодамна дознал за нова листа на Иран на која тој е рангиран како главна цел за атентат.

Дека постои реален страв од атентат покажа и тактиката што ја спроведоа САД кога се враќаше Трамп од самиот на НАТО. Од Анкара тој полета со постар, светлосин „ер форс уан“, а во базата на Кралските воздухопловни сили во Милденхол во Обединетото Кралство влезе во нов авион, подарок од Катар, со кој се врати во САД. На новинарите во авионот на летот до Британија им било наредено да ги спуштат ролетните на прозорците, но не им било кажано зошто.

Иранските повици за смрт на Трамп особено зачестија во текот на викендот, за време на погребната церемонија на убиениот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, која се одвиваше во услови на распаѓање на договорот за 60-дневен прекин на огнот. Снимките од погребот покажаа огромни толпи во поворки што носеа големи, црвени транспаренти со фотографија на Трамп и со текст „Убиј го Трамп“, „Еј Трамп, ќе те убиеме“ и „Ќе има крв“. Според видеата објавени на социјалните мрежи, се појавиле транспаренти со натпис „Ќе го убиеме Трамп“ и на зградите во Машхад, каде што е погребан ајатолахот Хамнеи. Присутните на погребот, исто така, скандираа „Смрт за Америка“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img