домаМакедонијаВМРО: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира...

ВМРО: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура

- Advertisement -spot_img

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека по преземањето на власта поставила стратешка цел Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница на Балканот и дека во изминатите две години се работи со засилено темпо на реализација на инфраструктурните проекти.

Во партиското соопштение се наведува дека во употреба се пуштени експресните патишта Градско–Фариш и Страцин–Крива Паланка, а интензивно продолжуваат градежните работи на автопатските делници Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола, кои се дел од Коридорите 8 и 10-д.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека се надминати дел од проблемите на автопатот Кичево–Охрид, вклучително и свлечиштата на косините, и дека се работи на негово што поскоро завршување.

Партијата додава дека е потпишан договор за финансирање на автопатот Скопје–Блаце, избрани се консултант и изведувач, а почетокот на изградбата, според нив, се очекува следниот месец. Во соопштението се наведува и дека започнале подготовките за изградба на експресните патишта Кочани–Виница–Делчево и Струмица–Радовиш.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img