домаМакедонијаВо Скопје синоќа биле затекнати лица кои нелегално исфрлале шут и отпад,...

Во Скопје синоќа биле затекнати лица кои нелегално исфрлале шут и отпад, Ѓорѓиевски најави санкции

- Advertisement -spot_img

Доцна синоќа, на три локации во главниот град Скопје, во Општина Аеродром и во централното градско подрачје на улицата „Рузвелтова“ биле затекнати лица кои нелегално исфрлале шут и отпад, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Тој на социјалните мрежи напиша оти сторителите биле лоцирани веднаш, по што биле евидентирани и добиле налози да се јават во општинските канцеларии каде ќе им биде изречена соодветна глоба во согласност со законските прописи.

Дополнително, вели, на сторителите им било наложено да го подигнат отпадот веднаш и да го транспортираат на соодветна депонија, но и задолжително да приложат кантарска белешка како доказ, а доколку не го сторат тоа, ќе им бидат изречени нови санкции.

„Сакам да бидам јасен – нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, да го загадуваат просторот во кој живееме и да ја загрозуваат иднината на нашите деца. За вакви појави нема оправдување. За вакво однесување нема толеранција. За уништување на Скопје – ќе има одговорност. Постапување против секој кој несоодветно се однесува – одговорност ќе има“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој рече оти инспекторите работат дваесет и четири часа на терен и оти го следат секое нарушување на животната средина, притоа апелирајќи до граѓаните да не одложуваат кабаст отпад оти на тој начин како што вели, се поништува работата, трудот и желбата на граѓаните кои сакаат да живеат во чист и уреден град.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img