домаМакедонијаКредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада...

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

- Advertisement -spot_img

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција, изјави заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, во интервју за „4њуз.мк“ на самитот на НАТО во Анкара.

Одговарајќи на прашањето дали бугарското вето и застојот во евроинтеграциите можат да влијаат врз односите меѓу двете земји како сојузници во НАТО, Шекеринска нагласи дека Алијансата не навлегува во билатералните прашања меѓу своите членки. Сепак, според неа, самото членство во НАТО ѝ дава на Северна Македонија силна дипломатска позиција.

„Во оваа Алијанса сите сме еднакви. Кредибилитетот што го создаваме во НАТО и влијанието што го имаме како рамноправна членка секогаш отвораат можност за пријателски и сојузнички разговор за одредени проблеми. Тоа е предност што треба да се користи секој ден“, изјави Шекеринска.

Таа вели дека доследното исполнување на обврските преземени во рамките на НАТО испраќа силна порака и до земјите-членки на Европската Унија, бидејќи покажува дека државата е доверлив и сериозен партнер.

„Кога покажуваме дека испорачуваме резултати и дека го реализираме тоа што сме го ветиле, тогаш и земјите-членки на Европската Унија нè гледаат како зрела и одговорна држава. Тоа е капитал што сме го стекнале низ тежок процес и мора паметно да го искористиме во интерес на нашата европска иднина“, додава Шекеринска.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img