домаМакедонијаКога ќе стигнат 150 автобуси во Скопје, заврши тендерската постапка, се разгледуваат...

Кога ќе стигнат 150 автобуси во Скопје, заврши тендерската постапка, се разгледуваат понудите

- Advertisement -spot_img

Заврши тендерската постапка за набавката на 150 автобуси. Од Министерство за транспорт и врски информираат дека во тек е евалуацијата на пристигнатите понуди. Од ресорното министерство не споделуваат информации кои и колку компании се пријавиле само брифираа дека конечната информација ќе бид есподелена во наредниот период.

Додека се чека информацијата за тоа дали конечно автобусите ќе стигнат во Скопје министерот за транспорт, Алексдандар Николовски и директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски се прошетаа на реконструираната пруга од Драчево до Илинден, по која сообраќаат товарни возови. Николовски најави дека за околу 20 дена карго-возовите да ја користат обновената делница, што ќе придонесе за намалување на загадувањето во Скопје и за поефикасен товарен железнички сообраќај на Коридорот 10.

Најави дека најдоцна до 1 септември треба да биде пуштена во употреба и првата линија на Градскиот воз, која ќе сообраќа на релацијата од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски за третиот тендер за набавка на 150 автобуси, во телевизиско интервју не даде конкретни информации но тврди дека првите автобуси ќе пристигнат до крајот на 2026 година.

Претходно, тендерот за 150 електрични автобуси и 75 полначи за 51 милион евра – проект кој требаше да го реши хроничниот проблем на Скопскиот градски сообраќај беше поништен. Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи дека и техничките, и формалните пропусти оневозможуваат проектот да продолжи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img