домаМакедонијаПоради салмонела во макароните се отруле 44 работници во Прилеп

Поради салмонела во макароните се отруле 44 работници во Прилеп

- Advertisement -spot_img

Бактеријата салмонела е причинител за масовното труење со храна кај вработените во прилепската компанија „Микросам“, според епидемиолошките анализа од Центарот за јавно здравје во Прилеп. Здравствените тегоби кај работниците се појавиле откако консумирале оброк доставен од кетеринг фирмата со која соработувале на 29 јуни, кога на вработените им биле понудени макарони со јајца и изварка. Од вкупно 58 работници кои го консумирале овој оброк, кај дури 44 лица се појавиле симптоми на труење. Шестмина од нив биле хоспитализирани во прилепската градска болница, додека останатите поминале со полесна или средно тешка клиничка слика. Општо е познато дека овој вид бактериско труење најчесто се поврзува со консумирање сирова или недоволно термички обработена храна од животинско потекло, како што се месо, јајца, млеко и нивни производи.

​„Наглиот почеток, брзото достигнување на максимумот на заболени и потоа наглото опаѓање на бројката покажуваат дека станува збор за еднократна изложеност на контаминирана храна. Од земените 23 примероци од заболените, кај 11 лица веќе е потврдено присуството на бактеријата салмонела.Иако се чекаат конечни потврди, без оглед на резултатите, храната останува главниот сомнеж за појавата на труењето“, информираат од ЦЈЗ Прилеп.

​Веднаш се земени примероци и од готовиот оброк. Резултатите од испитувањата во микробиолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје во Скопје дополнително треба точно да покажат дали храната директно ја содржела бактеријата.

​По пријавувањето на случајот, извршен е вонреден инспекциски надзор во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство.Во меѓувреме и кујната на кетеринг фирмата и мензата во компанијата остануваат затворени и надвор од функција сè додека Центарот за јавно здравје не ги достави конечните лабораториски анализи.

По финализирање на извештаите, ДСЗИ ќе ги преземе соодветните законски и прекршочни мерки против одговорните субјекти.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img