домаШоубизУЛОГАТА ВО „ОДИСЕЈА“ МИ Е ПОСЛЕДНА ШАНСА ДА ИГРАМ МОМЧЕ, ВЕЛИ ТОМ...

УЛОГАТА ВО „ОДИСЕЈА“ МИ Е ПОСЛЕДНА ШАНСА ДА ИГРАМ МОМЧЕ, ВЕЛИ ТОМ ХОЛАНД

- Advertisement -spot_img

Том Холанд вели дека улогата на Телемах во новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан е почеток на ново поглавје во неговата кариера.

Британскиот актер, најпознат по улогата на Спајдермен, кажа дека „снимањето на филмот било момент за кој тешко се верува дека е реален“. Во епската приказна од грчката митологија, Холанд го игра Телемах, единствениот син на Одисеј, кој тргнува во потрага по својот татко, отсутен уште од Тројанската војна.

„Ми се допаѓа што ова можеби ми е последната шанса да играм момче“, вели 30-годишниот актер.

Во филмот, Телемах се обидува да ја заштити својата мајка Пенелопа, која ја игра Ен Хатавеј, од додворувачите кои ја окупирале нивната палата, додека верува во легендите за храброста и мудроста на својот татко Одисеј.

„Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан, е една од најочекуваните филмски премиери оваа година, со позната холивудска актерска екипа, вклучувајќи ја сопругата на Холанд, Зендаја.

(Фото: Гети)

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img