Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев заедно со членот на ИО, Ивана Ѓорѓиевска, денес оствари работна посета на Општинската организација во Струмица, во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.
Средбата со Извршниот одбор во проширен состав на ОО ЗНАМ Струмица беше можност за отворен разговор за актуелните состојби во организацијата, реализираните активности и плановите за периодот што следува. Беа разменети мислења за предизвиците на локално ниво, за потребата од уште посилна поврзаност меѓу членовите и за понатамошно унапредување на работата на организацијата.
Во фокусот на разговорите беа и активностите што произлегуваат од одлуките на Централниот одбор, особено изборните постапки за делегати, како и номинирањето кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени. Овие процеси претставуваат важен чекор кон поголема вклученост на членството и создавање нови кадри кои ќе придонесат кон понатамошниот развој на ЗНАМ.
Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ цела Македонија, со јасна цел, силни локални организации, активни членови и политики што произлегуваат од потребите на граѓаните.






