Пратеничкиот мандат не е привилегија туку доверба дадена од граѓаните а усвојувањето на пратеничкиот кодекс не треба да биде архивиран само на хартија туку да функционира и во пракса . Вака собранискиот спикер Гаши го отвори денешниот настан промовирајќи ги вредностите и правилата содржани за пратениците пред дипломатскиот кор во земјата . Сепак Гаши додаде дека јавниот интерес мора да биде над личниот врз основа на аргументи а не навреди во политичките дебати и расправи.
Високиот претставник на ОБСЕ во земјата амбасадорот Килијан Вал пак додаде дека етичкиот кодекс во суштина е чекор до транспарентноста одговорноста но и довербата кон пратениците .
(Етичкиот кодекс не само што им дава на пратениците , практична алатка за справување со етичките прашања од реалниот живот туку означување на конкретен чекор кон потранспарентна , одговорна и доверлива парламентарна работа во државата . Интегритетот се гради преку секојдневните избори на оние на кои им се доверени јавните функции.)
Поддршката кон пратеничкиот етички кодекс ја изрази и Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ Северна Македонија и Ајла Ван Хеел Мердановиќ, од одел за демократско управување и родова еднаквост при ОДИХР.
Овој правилникот за етичко однесување на пратениците подолго време беше тема на дискусија во рамките на законодавниот дом а беше донесен на 15 јуни .Кодексот предвидува и формирање на париететна група која ќе с е грижи за негово спроведување , назначување на повереник за доверливо советување на пратениците но и користење на меѓународната експертиза.






