домаШоубизСо „Срце куца јаче“ Боби Павловски става крај на една и најавува...

Со „Срце куца јаче“ Боби Павловски става крај на една и најавува нова МАКЕДОНСКА музичка офанзива

- Advertisement -spot_img

Боби Павловски со новата песна „Срце куца јаче“ и официјално затвора едно важно поглавје во својата музичка кариера, односно го заокружува студискиот материјал снимен на српски јазик. „Срце куца јаче“ е 11-та и воедно последна нумера од проектот што во изминатиот период донесе бројни емоции, реакции и песни како „Заблуда“, „Тамо негде“, „Варка“, „Калдрма“, „Не оклевај“, „Метар дана“… што публиката силно ги прифати.

Музиката и текстот за „Срце куца јаче“ ги потпишува Драган Пејиќ – Пеја, авторот со кој Павловски успешно соработуваше и на „Варка“, додека аранжманот е дело на Бобан Василески и Драган Пејиќ – Пеја. Видеозаписот повторно го носи потписот на Јасмин Пивиќ од Area 7 Entertainment од Босна, со кого Павловски веќе има успешна соработка. Спотот е снимен во Скопје, а посебна емотивна нота му дава и појавувањето на неговиот брат, Горан Павловски.

И додека оваа композиција симболично става крај на едно музичко патување, Боби Павловски веќе почнува да испишува нова страница од својата кариера. Активно работи на нов материјал на македонски јазик, а дел од песните веќе се снимени. Како што најавува, зад новиот проект стои врна екипа која ќе биде вистинско изненадување за јавноста.

Среќен сум што заокружувам една приказна во која вложив многу емоции, љубов и труд. Но, уште посреќен сум што веќе почнувам да пишувам нова. Во студио сме, работиме со многу ентузијазам и едвај чекам публиката да го слушне тоа што го подготвуваме. Мислам дека следува нешто навистина убаво“, вели Боби.

Со „Срце куца јаче“, Боби не само што става печат на еден успешен проект, туку и јасно најавува дека највозбудливото допрва доаѓа.

Во исчекување на новиот материјал кој судејќи по најавите ќе дојде некаде со почетокот на есента, уживајте во „Срце куца јаче“: 

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img