домаМакедонијаКамбовски: Надоместоците на судиите-поротници се несоодветни, очекувам брзо решение од Министерството за...

Камбовски: Надоместоците на судиите-поротници се несоодветни, очекувам брзо решение од Министерството за правда

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот на судските поротници, кои од денеска не учествуваат на дел од рочиштата поради незадоволство од висината на надоместоците, Камбовски рече дека одржал повеќе средби со нивните претставници и дека Судскиот совет во целост ги поддржал нивните клучни барања.

Тој потсети дека со неодамнешните измени на Законот за судови е решено едно од барањата на поротниците, старосната граница за вршење на функцијата е зголемена од 60 на 67 години.

Во однос на надоместоците, Камбовски посочи дека тие се уредуваат со правилник што го донесува министерот за правда и оти постојниот правилник е стар повеќе од 15 години.

-Надоместокот од 570 до 670 денари не се исплаќа по рочиште, туку за цел ден. Судија-поротник може во текот на еден ден да присуствува и на десет судења, а да добие ист надоместок, истакна Камбовски, оценувајќи дека износот не одговара на денешните економски услови.

Тој информираше дека Судскиот совет во повеќе наврати се обратил до Министерството за правда и до Владата со барање прашањето да биде решено што е можно побрзо.

Камбовски предупреди дека доколку не се подобрат условите, постои ризик да нема доволен број судии-поротници, иако нивното учество е задолжително во голем број судски постапки согласно процесните закони.

– Државата треба да одлучи или ќе ја направи таа професија достоинствена и привлечна за луѓе да се јавуваат, или пак треба да се направи промени во законите и да се одлучи дали ни е потребно да имаме судии поротници. Доколку некој смета дека не ни се потребни, тогаш треба да се направат законски измени – порача Камбовски.

Тој изрази надеж дека новиот министер за правда ќе покаже разбирање за проблемот и дека наскоро ќе биде донесен нов правилник со кој судиите-поротници ќе добијат повисок и посоодветен надоместок.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img