домаМакедонијаСиљановска – Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара

Сиљановска – Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара

- Advertisement -spot_img

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО, којшто денеска и утре, 7 и 8 јули, ќе се одржи во Анкара, Република Турција.

Во состав на делегацијата се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Претседателката ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет.

Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на колективната безбедност на Алијансата преку поголеми инвестиции во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на одбранбените способности, како и продолжувањето на поддршката за Украина.

На маргините на Самитот предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да оствари средби со шефови на делегации на дел од земјите-членки на НАТО.

Дводневниот самит во Анкара ги собира лидерите од 32-те земји членки на НАТО, меѓу кои се американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, канадскиот премиер Марк Карни, финскиот претседател Александар Стуб, словачкиот претседател Петер Пелегрини, албанскиот премиер Еди Рама, бугарскиот премиер Румен Радев, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ…

На самитот ќе присуствуваат и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Покрај 32 шефови на држави и влади на НАТО, на самитот се присутни и речиси 100 министри, високи дипломати, претставници на меѓународни организации, заедно со неклу илјади дипломати, новинари и други гости.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img