Клексаните веќе може да се подигнуваат на рецепт од аптека – Сепак и покрај ова, дел од граѓаните до редакцијата на ТВ 24 алармираа дека во некои од аптеките им било кажано дека се уште не го издаваат на рецепт со образложение дека чекаат известување од Фондот….
Од фондот за здравство велат дека од први јули лекот е ставен на позитивната листа и аптеките се должни да го обезбедуваат и издаваат на осигурениците на кои им е потребен….
ФЗОМ: „Од 01.07.2026 година, лекот enoxaparine (Клексан) е обезбеден преку Позитивната листа на лекови и може да се набавува и издава во ПЗУ аптеките кои имаат склучен договор со Фондот. Согласно одредбите од склучениот договор со Фондот, аптеките се должни да обезбедуваат, односно да набавуваат и издаваат лекови за потребите на осигурените лица, за одредени медицински дијагнози и во рамки на законските прописи.
На овој начин, осигурените лица лекот го подигнуваат во аптеките кои имаат договор со Фондот, врз основа на рецепт издаден од избраниот лекар, без претходно да го купуваат и потоа да поднесуваат барање за рефундација.“
Клексаните требаше уште минатата година да бидат ставени на позитивната листа, но поради технички и административни проблеми процедурите се пролонгираа.
Претходно, позитивната листа беше проширена со нови лекови во 2024-тата година. На листата се најдоа лекови за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција….Претседателот на Владата во мај годинава најави дека листата со лекови кои паѓаат на товар на Фондот повторно ќе се прошири, но засега нема конкретна информација кога повторно ќе биде ажурирана.






