домаМакедонијаСо најголем процент на постаро население, источниот регион сè уште има само...

Со најголем процент на постаро население, источниот регион сè уште има само еден државен Дом за стари лица

- Advertisement -spot_img

Статистички со најстара популација, а сè уште со само еден Дом за згрижување на постари лица во Берово.

Источниот регион и понатаму чека на изградба на објекти во Штип, Кочани и Пробиштип. Единствениот што во март годинава беше најавуван дека за многу скоро ќе бидат поставени темелите е тој во Кочани.

Во Штип е најзаплеткана работата. Изградбата на Домот за стари лица кај некогашниот воен ресторан заглави бидејќи почна да се гради без потребните градежни одобренија, па изградбата на него е стопирана веќе неколку години, а досега се вложени околу 600.000 евра, пари на Здружението на пeнзионери од Штип.

Засега домот за стари лица во Берово е единствениот кој функционира во овој дел од државата. Просечната возраст на населението во источниот регион, пак е над 40 години, а проблемот дополнително го усложнува и миграцијата, бидејќи младите заминуваат, а постарите остануваат сами.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img