домаМакедонијаТруење со храна во прилепски „Микросам“ кај 41 работник, затворени кујната и...

Труење со храна во прилепски „Микросам“ кај 41 работник, затворени кујната и трпезаријата

- Advertisement -spot_img

Вкупно 41 вработен во прилепската компанија „Микросам“ покажале симптоми на труење со храна по оброкот што го консумирале во понеделникот, според информации од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Според епидемиолозите, на труење биле изложени 61 вработен од првата смена, а кај 41 од нив досега се појавиле симптоми како покачена телесна температура, мачнина, дијареја и болки во стомакот.

Од заболените, 27 лица побарале лекарска помош на Инфективното одделение во прилепската градска болница. Засега нема хоспитализирани, а сите пациенти добиле соодветна терапија и се на домашно лекување.

„Факт е дека станува збор за труење со храна. Оброкот го консумирала првата смена. Сите заболени ги анкетиравме и имаат средно тешка клиничка слика со покачена температура, мачнини, дијареја и болки во стомакот. Засега никој не е хоспитализиран“, изјавила епидемиологот Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

По пријавениот случај, екипи од Центарот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство извршиле вонреден инспекциски надзор и во компанијата и во фирмата што ги обезбедувала кетеринг-услугите.

Како превентивна мерка, затворени се кујната на кетеринг-компанијата што ја подготвувала храната и трпезаријата во „Микросам“, каде што бил послужен спорниот оброк.

Надлежните очекуваат лабораториските анализи да утврдат кој е причинителот на труењето и на кој начин дошло до контаминација на храната.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img