домаМакедонијаМалолетник претепан и избоден со нож – напаѓачите го оставиле да лежи...

Малолетник претепан и избоден со нож – напаѓачите го оставиле да лежи во несвест

- Advertisement -spot_img

На социјалните мрежи беше споделена снимка (подоцна избришана), за која се тврди дека покажува како момче било избодено неколкупати во парк во скопската населба Ченто, па оставено без свест.

14-годишникот се здобил со тешки повреди откако бил нападнат од три лица во скопската населба, тврдат од неговото семејство.

Случајот е потврден и од Министерството за внатрешни работи.

Во полицискиот билтен е наведено дека на 22 јуни околу 23:05 часот било пријавено дека на подрачјето на Општина Гази Баба малолетник бил физички нападнат од три лица.

Според родителите, нападот се случил истиот ден околу 21:30 часот. Момчето излегло од дома за да се сретне со братучедите и се движело кон улицата „Финска“, а било пресретнато пред да стигне на договореното место.

Тројцата напаѓачи без повод започнале физички да го удираат. Во текот на нападот, едно од лицата извадило нож.

Според нивните наводи, насилството продолжило и откако момчето било повредено сè додека не ја изгубило свеста, а потоа лицата го оставиле на местото на нападот, а повредениот малолетник бил пронајден од случаен минувач, кој повикал Итна медицинска помош и полиција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img