Вчера во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода 57-годишниот Е.Р. и 20-годишниот Е.Р. двајцата од село Обедник, Демир Хисар.
При извршен претрес во нивниот дом во село Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција различен калибар како и останати предмети.
Исто така вчера, во 09:45 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода 61-годишниот Р.М. и 35-годишниот Р.Ш. двајцата од село Обедник, Демир Хисар.
При извршен претрес во нивниот дом во село Обедник со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени пет пушки, пиштол како и 38 парчиња муниција различен калибар. По документирање на настаните против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.








