домаМакедонијаДимитриевски демантира дека ЗНАМ се распаѓа: Салите се премали да ги примат...

Димитриевски демантира дека ЗНАМ се распаѓа: Салите се премали да ги примат сите заинтересирани граѓани

- Advertisement -spot_img

По најновите обвинувања од СДСМ, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите порача дека раководството на партијата повторно се обидува сопствените политички неуспеси и изгубената доверба кај граѓаните да ги префрли како одговорност на други политички субјекти.

„Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на маргинално ниво, континуирано ги бара сопствените грешки во туѓите редови. За тоа дали ЗНАМ се распаѓа, најдобро сведочат медиумите и граѓаните кои присуствуваат на нашите трибини низ Македонија, каде салите се недоволни да ги примат сите заинтересирани“, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички спинови и неосновани обвинувања, треба да се соочи со сопствените политики, за кои, како што оцени, довеле до губење на довербата кај граѓаните.

„За нив можам да кажам само едно – станува збор за политичка структура во распаѓање, координирана од Струмица, со јасно препознатливо раководство кое ја доведе партијата до ваква состојба“, истакна тој.

Димитриевски потенцираше дека најсилниот одговор на ваквите напади е зголемената поддршка што Движењето ја добива на терен.

„Ние нема да се занимаваме со спинови и измислици. Ќе продолжиме директно да комуницираме со граѓаните, да нудиме конкретни решенија и да работиме за европска Македонија со силни институции, зачувано национално достоинство и одговорна политика“, заклучи лидерот на ЗНАМ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img