Министерството за правда и министерството за култура се двете нови институции кои ќе ги добие Вреди по владината реконструкција, како што веќе објави Телевизија 24. Засега не е познато кои функционери ќе седнат на министерските фотелји но од она што Генералниот секретар на партијата и министер за евоинтеграции Беким Сали го сподели со јавноста е дека одлуката за нив е дефинитивна. Освен правда и култура, Вреди според Сали ќе го задржи и ЕУ интеграции, кое првично требаше да ротира за спорт. Како што веќе објави ТВ24 здравство дефинитивно оди во ВМРО-ДПМНЕ, а Азир Алиу најверојатно нема да биде дел од новата влада .
Беким Сали, министер за европски прашања
– Значи вака, во пакетот кој ВЛЕН продолжува со владеењето како дел од мнозинството на владата тука остануваат министерството за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и министерството за односи меѓу заедниците. Се уште немаме финално име за мионистерството за култура и министерството за правда. Бетон ќе биде кога ќе ги слушнете при презентација но наш бетон е ова што го кажуваме.
Она што денеска го споделија од Вреди е спротивно на она што лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски вчера го кажа. Димитриевски иако кажа дека нема да се откажат ниту од правда ниту од министерството за јавна администрација, сепак си остави простор за компромис.
Од ВМРО-ДПМНЕ досега се многу воздржани околу преговорите за реконструкција. Конечната листа со имиња , Христијан Мицкоски во вторник вечер ќе ја претстави пред ИК на партијата . Но ТВ 24 објави дека кај ВМРО-ДПМНЕ одат здарвство и социјала , а дека околу ЕУ интеграции и спорт се уште нема дефинитивно епилог. Како што веќе обијави ТВ 24 извесно е дека од валдата си одат Зоран Љутков, Борко Ристосвски, Арбен Фетаи, Фатмир Лимани, Азир Алиу, како и Шабан Салиу. Неизвесно е Иван Стоиљковиќ дали ќе родтита или ќе се збогува од Илиндебска број 2.








