Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“.
Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси, кампери и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот простор.
Во спротивен правец, односно за влез во Грција нема подолги задржувања, како што имаше утрово. Жешкото јунско сонце дополнително ја отежнува ситуацијата, а меѓу патниците има и голем број семејства со мали деца, затоа препорака е преку АМСМ да се провери сосотојбата на границата и да се трга во вечерните часови кога времето на чекање веројатно ќе биде исто ама ќе го нема жешкото сонце.








