домаМакедонијаНајмалку пет министри заминуваат со реконструкцијата на Владата во вторник, познати дел...

Најмалку пет министри заминуваат со реконструкцијата на Владата во вторник, познати дел од ресорите кои ќе добијат нови челници

- Advertisement -spot_img

Најмалку пет министри ќе ги напуштат функциите во претстојната реконструкција на Владата, дознава „Скопје1“ од повеќе извори.

Според информациите до кои дојдовме, премиерот Христијан Мицкоски ќе направи промени во ресорите правда, здравство, култура, образование и земјоделие, а можно е да има и дополнителни кадровски промени.

Неофицијално, реконструкцијата би требало јавно да биде соопштена веќе во вторник.

Според досегашните информации, Азир Алиу од коалицијата ВЛЕН го напушта Министерството за здравство. Цветан Трипуновски си заминува од Министерството за земјоделство, а на негово место треба да дојде Борче Серафимовски од ЗНАМ, кој во моментов ја извршува функцијата државен секретар во истиот ресор.

Од Владата си заминува и Игор Филков, кадар на ЗНАМ, како и Весна Јаневска од Министерството за образование и Зоран Љутков од Министерството за култура.

Дополнително, според сознанијата на „Скопје1“, од функцијата ќе замине и Фатмир Лимани од Министерството за труд и социјална политика.

Веќе е најавено дека освен министри, ќе се менуваат и директори. Но имиња и информации за трансфери – нема.

Премиерот Мицкоски претходно изјави дека реконструкцијата се прави поради промена на приоритетите во работата на Владата. За вторник е закажана седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која, според најавите, официјално ќе бидат соопштени имињата на новите членови на владиниот кабинет.

Засега, информациите за кадровските промени не се официјално потврдени од Владата. Разговорите пак, и натаму се во тек.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img