Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи.
Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и сообраќајно уредување, со цел создавање на современ и функционален паркинг простор што ќе придонесе за подобрување на сообраќајната инфраструктура во овој дел од градот.
Од изведувачот апелираат до граѓаните за разбирање и трпение за време на реализацијата на работите, имајќи предвид дека во текот на градежните активности може да има привремени измени во движењето и пристапот во непосредната околина.
Повеќе информации за динамиката на изведбата и евентуалните сообраќајни измени ќе бидат соопштени дополнително.








