домаМакедонијаПо три децении чекање: Започна реконструкцијата на улицата „Дебарска“ во Битола

По три децении чекање: Започна реконструкцијата на улицата „Дебарска“ во Битола

- Advertisement -spot_img

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на проектот за комплетна реконструкција на инфраструктурата на улицата „Дебарска“ согласно Програмата за развојни планови и согласно склучениот договор со Министерството за транспорт, а со средства од унгарскиот кредит од вториот владин повик.

Градежните активности започнаа на првата делница на „Дебарска“, од улицата „Димитар Влахов“ до улицата „Илинденска“.

За реконструкција на мешовитата канализација на дел од улицата вкупната сума на средства е 12.148.109 денари, за реконструкцијата на водоводната линија на дел од оваа улица предвидени се 4.991.136 денари, а реконструкцијата на коловозот ќе чини 20.146.392 денари.
Должината на улицата која се реконструира е околу 1 километар.

После 30-тина проблематични години со оваа улица, оваа администрација изработи проект за улицата, обезбеди средства за реализација, склучи договори со изведувачи и ќе биде комплетно направена.

Вредно е да се спомене дека Општина Битола за инфраструктурни проекти за 2026 година издвојува над 900.000.000 денари, што значи дека главниот акцент оваа локална самоуправа го става на инфраструктурните проекти, додека за култура се издвојуваат нешто под 40.000.000 денари или 22 пати помалку или вкупно 1.9 % од буџетот на Општина Битола за 2026 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img