домаМакедонијаЗа почист Прилеп: Комуналец потсетува дека јавните површини се заедничка грижа

За почист Прилеп: Комуналец потсетува дека јавните површини се заедничка грижа

- Advertisement -spot_img

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град.

Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување на жардиниерите пред старата општинска зграда, како и засадување на грмушкасти украсни растенија за разубавување на овој дел од градот.

Од „Комуналец“ посочуваат дека и покрај вложените напори за уредување на јавниот простор, жардиниерите често се користат за фрлање отпушоци од цигари и друг ситен отпад, што го нарушува нивниот изглед и намената.

Претпријатието потсетува дека во непосредна близина има поставени корпи за отпадоци – пред влезот на старата општинска зграда и на платото пред Тринаесеткатницата, и ги повикува граѓаните да ги користат за правилно одлагање на отпадот.

„Чисто е убаво“ – порачуваат од ЈКП „Комуналец“ Прилеп, нагласувајќи дека чистата животна средина е заедничка одговорност на сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img