Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски. Веста за неговата ненадејна смрт ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи.
Мицкоски го опиша Илиевски како работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на граѓаните и на општината што ја водел.
„Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат“, напиша премиерот.
Во објавата, Илиевски е опишан и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.
Мицкоски изрази сочувство до семејството, најблиските, граѓаните на Брвеница и сите кои го познавале и почитувале.








