домаМакедонијаНовиот парк во Прилеп добива финален лик: Комуналец ја привршува изградбата на...

Новиот парк во Прилеп добива финален лик: Комуналец ја привршува изградбата на рекреативната зона

- Advertisement -spot_img

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.

Со реализацијата на овој проект се очекува значително да се растерети постојниот парк кај црквата „Св. Елена и Константин“, кој во летниот период бележи зголемена посетеност и вечерни гужви.

Од претпријатието посочуваат дека на новиот парк и спортските терени веќе е извршено темелно чистење и косење, а во тек е и поправка на оштетената комунална опрема, со цел просторот да биде целосно уреден и безбеден за користење.

Истовремено, упатен е апел до посетителите, особено до младите, да ја одржуваат чистотата и редот, да ги користат поставените канти за отпадоци и контејнерите во непосредна близина на паркот.

„Мораме сите заеднички да се грижиме за животната средина. Чисто е убаво“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img