Седум последователни земјотреси се случија утрово во Црното Море, блиску до брегот на Севастопол, објави гувернерот на градот, Михаил Развожаев. Во неговата изјава на Телеграм, Развожаев информираше дека според оперативните податоци од Кримската сеизмолошка мрежа, два од земјотресите биле чувствувани и во Севастопол.
„Првиот земјотрес се случи во 6:14 часот по московско време, со магнитуда од 3,7 степени, на околу 26 километри од Севастопол. Вториот беше регистриран во 8:48 часот,“ истакна тој.








