домаМакедонијаКолапс на патот кон Стража

Колапс на патот кон Стража

- Advertisement -spot_img

Попладнево се создадоа огромни сообраќајни колони на патниот правец Гостивар – Стража, каде што возачите чекаат речиси еден час за да поминат низ семафорот. Според сведочењата на граѓаните, метежот е толку голем што, како што велат, чекањето е подолго отколку на некои гранични премини во екот на туристичката сезона.

Револтирани возачи велат дека повеќемина ја пријавиле состојбата во полиција и побарале интервенција за регулирање на сообраќајот. Од таму, како што тврдат, добиле уверување дека ќе биде испратена полициска екипа, но до моментот кога биле направени фотографиите, полиција сè уште немало на терен.

Според граѓаните, ваквите гужви не се исклучок, туку редовна појава секој петок попладне и во недела, кога илјадници возила се движат кон туристичките центри или се враќаат дома по викендот. Возачите апелираат до надлежните институции да обезбедат постојано полициско присуство во најкритичните термини, со цел побрзо регулирање на сообраќајот и намалување на долгите колони.

Тие предупредуваат дека доколку не се преземат конкретни мерки, ваквите сообраќајни колапси ќе продолжат и во текот на летната сезона, кога бројот на возила на овој патен правец дополнително се зголемува.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img