домаМакедонијаБожиновска: Две години МЕРМС - Реализирани над 700 активности, капитални проекти...

Божиновска: Две години МЕРМС – Реализирани над 700 активности, капитални проекти и силна поддршка за граѓаните

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини објави отчет за сработеното по повод две години од формирањето на Министерството, истакнувајќи дека во периодот од јуни 2025 до јуни 2026 година се реализирани повеќе од 700 активности во енергетскиот и рударскиот сектор.

Во својата објава, Божиновска нагласи дека зад постигнатите резултати стојат визија, посветеност и интензивна работа, потенцирајќи дека институцијата успеала да реализира неколку капитални проекти и реформи кои, според неа, имаат директно влијание врз енергетската сигурност и економскиот развој на државата.

Еден од најзначајните проекти, како што посочи министерката, е повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје по пауза од 13 години, како и почетокот на изградбата на гасната интерконекција со Грција, проект кој се смета за стратешки важен за диверзификација на енергетските извори.

Според Божиновска, со донесувањето на новиот Закон за енергетика, енергетската сигурност во државата е зголемена од 21 на 41 процент. Таа истакна дека законот добил високи оценки од европските институции и претставува важен чекор во усогласувањето на македонската регулатива со европските стандарди.

Во делот на рударството, министерката наведе дека преку правни и институционални мерки е намален финансискиот ризик за државниот буџет за околу 380 милиони денари. Истовремено, воведен е дигитален надзор во рударскиот сектор, што резултирало со зголемување на приходите од концесии за повеќе од 200 проценти.

Посебно место во отчетот зазема и институционалната заштита на македонскиот рубин, кој неодамна беше прогласен за официјално заштитено национално минерално наследство и национален минерален симбол на државата.

Во насока на поддршка на граѓаните, Министерството обезбедило 4.070 ваучери за набавка на инвертер-клими, како и 148,8 милиони денари финансиска помош за ранливи категории граѓани.

Божиновска информираше и дека се обезбедени 50 милиони евра за проекти за енергетска ефикасност, додека паралелно е започната реализацијата на капитален проект вреден 11 милиони евра за реконструкција и енергетско унапредување на јавни објекти низ државата.

„Со секој закон, секој проект и секоја одлука бевме водени од една цел – подобар живот за граѓаните и посилна држава. Ова е само почеток. Продолжуваме уште посилно и уште похрабро“, порача Божиновска.

Од Министерството оценуваат дека реализираните активности претставуваат цврста основа за понатамошен развој на енергетскиот сектор, зголемување на енергетската независност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img