домаМакедонијаМеџити: Кампусот „Мајка Тереза“ се гради со засилена динамика – проектот напредува...

Меџити: Кампусот „Мајка Тереза“ се гради со засилена динамика – проектот напредува според планот

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, информираше дека извршил увид во градежните работи на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, при што изразил задоволство од динамиката со која се реализира проектот.

„Со задоволство одблиску видов дека работите напредуваат со добро темпо и дека овој проект секојдневно добива сè појасна форма. Станува збор за значајна инвестиција во образованието и во иднината на младите генерации“, истакна Меџити.

Тој нагласи дека изградбата на современ универзитетски кампус претставува важен чекор за унапредување на високото образование и создавање подобри услови за студентите и академскиот кадар.

Меџити порача дека институциите остануваат посветени на реализацијата на проектот, кој треба да придонесе за развојот на образованието и создавање нови можности за младите.

„Продолжуваме“, порача Меџити по увидот на терен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img