Изгласан извештајот на Томас Вајс но отфрлен амандманот предложен од известувачот за македонија…Вториот протокол кон договорот за добрососедство со Бугарија, остана и во годинашниот извештај на Европскиот парламент..Европратениците со големо мнозинство не прифатија бришење на ставот 73 од резолуцијата со кој се повикува Историската комисија да постигне јасни резултати со тоа што ќе ја базира својата работа на објективни и автентични историски извори и документи… Текстот го вклучува и концептот на заедничка историја..
Известувачот за Македонија , Томас Вајц вели дека извештајот јасно покажува каде има подобрувања – но и каде недостатоци…
Томас Вајц – европратеник и известувач за Македонија; „Извештајот детално ги разгледува областите во кои се постигнува напредок и покажува дека земјата јасно се движи по патот кон Европската Унија. Извештајот, исто така, нагласува дека сè уште постои потреба од одредени реформи, што не е изненадувачки, бидејќи земјата формално сè уште не ги започнала вистинските пристапни преговори.“
Државата заостанува во владеењето на правото а уставните измени и понатаму се пречка за македонија да ги продолжи преговорите со Европската Унија..
Томас Вајц – европратеник и известувач за Македонија: „ Советот на Европската Унија ја деблокираше можноста за започнување на преговорите преку договор со тогашната влада, која се согласи да ја прифати оваа уставна промена и вклучувањето на малцинствата. Владата може во секое време да ја иницира оваа постапка во Собранието“
Бугарија задоволна од одлуката на европратениците да не се избрише текстот за Вториот протокол од Договорот за добрососедство и заедничката историја меѓу Македонија и Бугарија…
бгнес: „Европскиот парламент го одобри извештајот за Северна Македонија, не успеа обидот на Вајц да се избрише текстот за Вториот протокол. “
Во конечната верзија на извештајот, европратениците предупредуваат дека и покрај напредокот, реформската агенда заостанува а институционалната слабост и недостигот од политичка волја ја поткопуваат довербата во системот..Клучните забелешки за земјата се однесуваат на владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата..
Патот на извештајот до денешното пленарно гласање не беше лесен… Документот помина низ жестоки дебати во Брисел…Првично, гласањето во матичниот Комитет за надворешни работи беше одложено на барање на самиот Вајц поради притисоци од бугарските европратеници…Софија тогаш реагираше и бараше да се избришат референциите за македонскиот јазик и идентитет, па дури и да се додаде придавката „модерен“ или „современ“ пред македонскиот јазик — предлог кој на крајот беше отфрлен…Откако се затворија компромисите меѓу петте најголеми политички групи, Комитетот АФЕТ конечно го изгласа извештајот.. Сепак, во финалниот текст поминаа и два амандмани од бугарските пратеници, со кои од Македонија се бараат конкретни резултати од Историската комисија и спроведување на протоколите од Договорот за добрососедство.








