домаМакедонијаОпштина Битола ги повикува граѓаните на втор форум за уредувањето на плоштадот...

Општина Битола ги повикува граѓаните на втор форум за уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“

- Advertisement -spot_img

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор.

Форумот ќе се одржи на 23 јуни, со почеток во 12:00 часот, во Офицерскиот дом во Битола.

Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот, да се запознаат со предложените решенија и активно да се вклучат во процесот на креирање на идниот изглед на плоштадот „Гоце Делчев“.

Целта на форумот е преку транспарентен и инклузивен процес да се слушнат мислењата и предлозите на граѓаните, со што ќе се придонесе за поквалитетно уредување на јавниот простор во централното градско подрачје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img